Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Скопје 1 и на Апелација за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење.
Ова на својот Фејсбук профил го соопшти новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години.
Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот.
Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а опотоа беше во домашен притвор.