Don't Miss
Home / Колумни / На кој им смета “ Кромберг и Шуберт “

На кој им смета “ Кромберг и Шуберт “

Компанијата “ Кромберг и Шуберт “ која долго време од страна на некои битолчани и “ загрижени економски локални   експерти “ беше ставана на столбот од срамот затоа што наводно ги “ експлатирала” вработените и за таквата работа им давала ниски плати, деновиве повторно се најде на удар на таквите “ сезнајковци и  експерти” кои на средбата со премиерот на Владата, Зоран Заев ја обвинија оваа мултинационална германска компанија, бидејки им давала многу високи плати и буквално им ги земала вработените.

Човек да не знае дали да плачи или да се смее.

Во името на голем број “ загрижени” бизнисмени еден познат стопанственик му се пожали на премиерот Зоран Заев дека тој и неговата фирма трпеле  нелојална конкуренција од страна на фирмата “ Кромберг и Шуберт “ затоа што таа наводно им давала високи плати на своите работнииц и сега тој, иако им ги покачил платите на неговите вработени, едноставно не можел да ги задржи и тие постојано ја напуштале неговата фирма и се вработувале во “Кромберг и Шуберт”

Пред премерот Заев да даде одговор на таквото прашање дискусијата на битолскиот стопанстевник ја поддржаа и некои други бизниемсни кои исто така се пожалија дека поради високите плати кои сега ги добиваат вработените во “ Кромберг и Шуберт “ тие едноставно не можат да ги задржат своите вработеи на работа, бидејќи тие заминувале во “Жабени “. Каков парадокс.Фирмата која беше обвинувана дека им дава мошне ниски плати на вработените,сега повторно се најде на удар на “критичарите “ дека давала високи плати.

Додека во изминатиот период компанијата “ Кромберг и Шуберт “ својата  “монополска положба” која ја имаа(т), како и поддршката од Владата наводно ја “ злоупотребува “ да им дава на вработените мошне ниски плати, сега трпи критики дека им дава високи плати на своите работници.

И навистина во последно време често пати во Битола може да се слушне дека компанијата “ Кромберг и Шуберт “ не само што драстрично им ги покачила платите на варботените, туку им давала и други поволности  и бенефиции на сите вработени.

Благодарение на таквите плати и поволности се поголем е бројот на битолчани и луѓето од регионот кои сега сакаат да работаат во “Кромберг и Шуберт “ и кои едноставно ги напуштаат компаниите каде што моментно работат и аплицираат за вработување во оваа германска компанија.

Заради големата експанзија на “ Кромберг и Шуберт “ денес во оваа компанија работаат над 6.000 работници, со тенденција тој број да се зголеми до 7.000, колку што менаџментот планира да вработи во најскоро време.

Со зголемувањето на бројот на вработените во “ Кромберг и Шуберт”  драстично се намали(л) бројот на вработените во останатите гранки во Битола, пред се во грчките текстилни фабрики, услужните дејности па и трговијата, каде што работеа голем број жени.

Сега кога станува збор за работа, сите патишта во Битола  водат кон “ Жабени “ и “ Кромберг и Шуберт “ каде секојдневно има отворени конкурси за вработување.

Добрите плати, германската точност и прецизност, како и поволностите кои ги имаат вработените со бесплатната исхрана и превозот, ги стимулира голем број битолчани, претежно млади, сега да бараат работа во “ Кромберг и Шуберт”

И наместо таквата политика на оваа германска корпорација да ја поздрават сите вистински битолски стопанственици,  дел од нив деновиве на средбата со премиерот Заев се побунија против “ Кромберг и Шуберт “ барајќи од него да преземе мерки заради наводната ваква економска нелојалност.

Сега според нив наводно “ Кромберг и Шуберт “ е виновна што тие останувале без работници и што нивните вработени не сакале повеќе да работаат кај нив за платите кои ги добивале.

Сега за разлика од “Кромберг и Шуберт “ тие даваат ниски плати, па работниците им се закануваат дека доколку не им ги покачат платите ќе си заминеле во “ Кромберг и Шуберт”.

Очигледно е дека “големите  газди” сега сфатија дека со ниски плати не можат повеќе да ги држат во заложништво работниицте и дека тие го изгубија “монополот “ кога е во прашање ангажирањето на работна сила.

Сега за разлика од порано, кога покрај битолските фирми најмногу работници апсорбираа грчките компании,  кои исто така даваа ниски плати, работниците имаат избор и својата егзистенција ја гледаат во “ Кромберг и Шуберт” кој постојано им ги покачува платите на своите вработени.

Во една прилика еден  сега врабтен во “ Кромберг и Шуберт “ ни изјави дека оваа компанија го спречила одливот на младите битолчани во странство. Доколку тој не се вработил таму и тој размислувал за заминување.

И сега кога илјадници млади битолчани работаат во “ Кромберг  и Шуберт “ и за својата работа според некои информации добиваат пристојни  плати, големите “ газди “ од Битола се побунија дека наводно “ Кромберг и Шуберт “ им вршел нелојална конкуренција и дека Владата со некои свои мерки треба да го спречи “монополот” на оваа компанија.

Во оваа прилика се поставува прашањето зошто битолските  “големи газди” не им ги покачат платите на своите вработени, кога се фалат дека добро им одело  и дека во моментот благодарение на еконосмките политики на Владата можеле да дојдат до израз.

Иако Владата со мерките кои ги презема со обидува до некаде да ги “ регулира “ платите сепак тие се економска категорија и најчесто тие не зависат ни од Заев, ни од Анѓушев, туку од економските можности и работењето на  фирмите.

Затоа не е добро кога на “ Кромберг и Шуберт “ добро му оди тие сега да се жалат дека виновни за нивните “ ниски плати” се Германците.

Време е да се свртат кон себе  да најдат начин како да ги стимулираат своите вработени за да ги задржат на работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*