Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Дојче веле“ истакна дека преговорите за спорот околу името со Грција ќе започнат пред крајот на годинава.
– За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕијас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба. Сè уште не ги започнавме преговорите. Тие ќе започнат дефинитивно пред крајот на годината. Јас го правам она што мислам дека треба да биде работа на дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес. Тоа е нашата цел – изјави Димитров