Советниците од Советот на Општина Битола денеска вртеа мазник со паричка по повод Василица.
Годинава парето и се падна на советничката од ВМРО Народна, која во Советот е во коалиција со опозициската СДСМ, Габриела Илиевска.
Многумина таквата среќа ја прокоментираа како надеж дека конечно среќата и се насмевна на опозицијата која веќе десет години никако не може да дојде на власт во Битола.
Верувањата се дека на оној на кој ќе му падне паричката, годината ќе му биде многу успешна и бериќетна.
Б.В.