Во Секторот за внатрешни работи – Битола вчера во 08,15 часот Н.Ѓ. пријавил дека при изведување градежни работи на железничката пруга, во близина на зона „Жабени“, пронајдена е една артилериска граната 75мм, која потекнува од Првата Светска војна.
МВР денеска соопшти дека во 09,30 часот од страна на стручно лице од ДЗС, гранатата е подигната за понатамошна постапка.