Home / Култура / Над 1.500 учесници на “Илинденски денови“

Над 1.500 учесници на “Илинденски денови“

Битола од 27 до 31 јули ќе биде домакин на 49-тото издание на Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”. Во петте фестивалски денови ќе продефилираат 1.500 учесници од целиот свет.

Ќе има учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, и Македонија, со што ќе се прати пораката дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот.

Ова денеска на прес конференција директорката на фестивалот Маја Андоновска-Илијевски.

– На годинашното издание на фестивалот „Илинденски денови” ќе учествуваат над илјада учесници од повеќе земји. За време на фестивалските денови ќе се одржуваат различни манифестации што го негуваат фолклорот. В сабота, пред свеченото отворање на фестивалот, ќе се одржи дефиле „Со песни и игри низ битолските улици”. Фестивалот свечено ќе биде затворен со концерт на античка „Хераклеја” на македонскиот виртуоз Влатко Стефановски кој што ќе настапи со Мирослав Тадиќ – информираше директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска- Илијевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*