Don't Miss
Home / Економија / Над 250 битолчани конкурираат за субвенции за клима уреди

Над 250 битолчани конкурираат за субвенции за клима уреди

             

        Заклучно со денешниот ден, точно 253 битолчани поднеле барање до Општинската администрација за добивање субвенции за набавка на клима уред, информираат од општина Битола.

            Интересно е што само првиот ден по објавувањето на јавниот повик за субвенции се пријавиле 180 битолчани, кои наводно дента “купиле“ клима уреди.

Инаку општината Битола повикот го објави на 30 септември и јавниот повик ќе трае до 9 октомври.

Според одлуката на Комисијата за финансии и буџет локалната самоуправа на Битола предвиува за клима уреди да издвои за субвенции вкупно 2.500.000 денари.

Целта е со субвенциите да се стимулираат  граѓаните  да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

Општина Битола ќе обезбеди поврат од дел од потрошените средства  во висина од  30 проценти од вредноста на набавениот клима уред, а тоа да не е повеќе од 20 000 денари.

 Услов за учество на јавниот повик е купувачот да нема искоритено субевнција за истата оваа намена од било кој друг извор, а право на учество имаат жителите на Општина Битола кои ќе набават клима уред во овој временски период додека трае јавниот повик.

  Субвенциите ќе се распределуваат по принципот прв дојден –прв услужен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*