Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Даница Петличкова на својата денешна седница расправаше за повеќе актуелни прашања од животот и работата на пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила. Притоа беше информано дека 50 проценти од огревните дрва што ги запишаа пензионерите досега се доставени, а на преостанатите ќе им бидат доставени редовно во тековниот период.
На седницата беа поднесени и информации дека Здружението на пензионери успешно остварува соработка со здруженија од Врање, Србија и со неколку од нашата земја. Се зазеде став и во иднина таквата соработка да продолжи зашто преку неа се разменуваат искуства за заедничко поуспешно делување.
Членовите на ИО донесоа одлука да се поддржи творештвото на пензионерите што творат на литературен и музички план, а како пример за тоа беше издвоен настапот на пејачката група „Сирма војвода“ која со своите изведби пред извесно време се претстави на годинешниот фестивал „Илинденски денови“ и на „Локум фест“.
Беше нагласено дека успешното претстваување на битолските пензионери на спортските игри што ги организира Сојузот нз здруженијата на пензионери на Македонија да продолжи и понатаму.
На Републичките спортски натпревари на пензионерите Мојсо Велевски од Битола по петти пат освои златен медал во атлетската дисциплина трчање во категорија мажи над 60 години, а бронзена во дисциплината пикадо освои Сашо Митревски, Зоран Јакимовски и Гоце Талевски.