Don't Miss
Home / Uncategorized / Над 500 големи вреќи со отпад беа собрани во денешната масовна акција за чистење ѓубре во Битола.

Над 500 големи вреќи со отпад беа собрани во денешната масовна акција за чистење ѓубре во Битола.

По препораките од Владата на Република Македонија, денешната сабота да се искористи за чистење, административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот. Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.

Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош.

Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.

На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид ѓубре. ВО акцијата за почиста Битола се вклучија и вработените во битолската полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*