Home / Вести / Се поставуваат нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак и се уредува во Градскиот парк

Се поставуваат нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак и се уредува во Градскиот парк

Јавното претпријатие „Комуналец“ продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема.

Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња.

„Неделата на пролетта“, деновиве ја одбележа и расчистувањето на дивите депонии, при што подигнати се над 280м³ отпад.

Со активностите кои се реализираат оваа недела, општината и јавните претпријатија, настојуваат да придонесат за разубавување на градот и подигнување на јавната свест за заедничко дејствување и поголема грижа за чиста животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*