Don't Miss
Home / Uncategorized / Надминување на неповолните состојби во млекопроизводството

Надминување на неповолните состојби во млекопроизводството

Стопанската комора на Македонија ќе се залага за унапредување на производството на млеко и млечни производи во државата, како и унапредување на севкупното земјоделско производство, беше истакнато на денешниот состанок на Групацијата за млеко на Комората, што се одржа во Битола.

– Млечниот пазар во последно време се соочува со голем број предизвици. Меѓутоа убеден сум дека со помош на вашите иницјативи, Групацијата ќе успее, заедно да се избориме со неповолните состојби во млекорпроизводството. Големите производни потенцијали, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи се и повеќе од доволен показател за способноста да се носите со предизвиците – истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Своето гледиште за напорите за излез од млечната криза го изнесоа и млекопреработувачите.

– Заедно со Комората ние успеавме да ги артикулираме нашите иницијативи, а и натаму ќе дејствуваме во насока на зголемување на интензитетот на работење на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко. Еден од начините за унапредување на нашата соработка се иницијативите за партнерства со трети страни, но и предложување на нови политики, што ќе придонесат за зголемување на сточниот фонд, преработувачките капацитети и секако за отворање на нови можности за извоз – изјави генералниот директор на Би Милк, Ѓорги Петрушев. М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*