Добитник на најпрестижното признание на годинашната манифестација “ Мал битолски Монмартр “, која треба да се одржи во месец мај, е Марија Дима, од Букурешт, Романија.
Вака одлучи стручното жири на Манифестацијата, кое деновиве ги селектираше пристигнатите илјадници ликовни творби.
На конкурсот, кој траеше до 20-ти февруари учествуваа околу 300 школи, ликовни студија,градинки од 33 држави со преку 15,000 детски цртежи.
Стручното жири покрај наградата “ Гран при “ од вкупно пристигнатите творби додели награди за учество на Малиот Битолски Монмартр, награди за колекции, златни палети,дипломи и селектира 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба која ке биде поставена и отворена на 23 мај и ќе трае до крајот на 2020 година, која како и секоја година е посетувана од голем број туристи и љубители на уметноста.
Инаку и покрај пандемијата со корона вирусот, организаторот на Малиот битолски Монмартр, Детското ликовно студио “ Кирил и Методи “вредно работаат на организирање на Манифестацијата, која веруваат дека ќе се одржи во закажаниот термин од 23 мај.