Don't Miss
Home / Uncategorized / Соклевски наместо да го чисти градот, ја “(ис)чистил“ благајната на Комуналец?!

Соклевски наместо да го чисти градот, ја “(ис)чистил“ благајната на Комуналец?!

Битола последните денови наликува на чиста депонија. На сите места во градот има купишта губре. Иако  никогаш во историјата ЈП  “Комуналец “  нема толку чистачи, како сега, сепак  според зборовите на битолчани градот никогаш не бил толку нечист.

Првиот човек ан ЈП “ Комуналец “ Зоран Соклевски наместо да се грижи за чистењето на градот, тој неколку месеци за време ан предизборната кампања му држеше грб на Талески поддржувајки ги неговите проекти.

Соклевски деновиве,  наместо на работно место, тој постојано беше во (пред0изборна кампања.   Тој се до последен момент како и Талекси верувал дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги добие изборите а Талекси ќе останел градоначалник, со што тој сметал дека ќе ја задржи својата директорска фотелја. Но  откако  станал свесен дека нема ништо од останувањето на Талески на градоначалничката фотелја  и  дека  ВМРО ДПМНЕ  ќе ги изгуби изборите, тој кренал раце од чистење на градот и контењерите, туку буквално  ја исчистил благајната и жиро сметката на фирмата.

Според инсајдерски информации на порталот на Битолски весник од ЈП “ Комуналец “, директорот Зоран  Соклевски,  ја исчистил благајната и жиро сметката се со цел да им ги плати побарувањата на своите блиски партиски доверители и пријатели.

Додека на голем број фирми со месеци не им плаќа, тој одлучил да ги исплати своите најблиски доверители.

Откако нему му стана јасно дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите и дека заедно со градоначалникот  Владимир Талески ќе мора да  се збогува од фотелјата, тој се обидел да спаси што можело да се спаси, а за тоа наводно ја испразнил  жиро сметката со немара ди ги стимулира партиските соработници да гласаат за ВМРО ДПМНЕ.

Но очигледно Соклевски бил во заблуда бидејки него не само членството на ВМРО ДПМНЕ, туку и неговите најблиски соработници од службите му го свртија грбот и веќе не молчат за начинот на неговото деспотско владеење и раководење.

Инаку Соклевски му беше еден од најлојалните поддржувачи на Талески, кој му остана верен до последен момент и работеше исклучиво по диктатите на Талески, послушно извршувајки ги сите негови наредби.

Овој пат Соклевски не само што ну мо поможи на Талески и на ВМРО ДПМНЕ, туку за спас на ВМРО ДПМНЕ од дебаклот, не му помогнаа ни клетвите на неговата сопруга, која стана позната во градот отакко за време на предвремените парламентари избори ги колнеше со клетви сите  оние кои нема да гласаат за ВМРО ДПМНЕ а кои се вработиле во времето на Талески.

Соклевски ќе остане запамтен и по тоа што е единствен директор на ЈП “ Комуналец “  кој во договор со Талески  работеше без технички директор, а  возниот парк го обновувапше со купување на стари камиони, кои поради својата дотраеност наместо да чистат, уште овеке го загадуваа(т) градот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*