Импровизациите на градоначалникот Владимир Талески немаат крај. Иако тој ветуваше нов стадион по европски стандарди, откако ја турна трибината и го раскопа теренот тој наместо нов стадион деновиве поднесе до Советот предог одлука за монтирање на монтажни трибини, донација од ФФМ.
Прифаќањето на ваквата донација за монтирање на монтажни трибини во Битола многумина ја коментираат како уште една импровизација на Талески и негово откажување од изградбата на стдионот под Тумбе Кафе како што беше предвидено со проектот, кој треба општината Битола да ја чини над 12 милиони евра.
Но кога е во прашање Талески тој се однесува како еркламата за скпското пиво: Скопско и се е можно.
Деновиве Талески како крупен негов проект ја промовираше смената на стариот паркет во ОУ Елпида Караманди и Коле Канински со(нов) стар паркет, во спортските сали.
Монтирањето на монтажните трибини само уште една измама на Талески пред граганите на кои едно им нуди, друго им ветува, а сосема трето прави.