Народниот правобранител Иџет Мемети информира дека в недела 29 октомври, на денот на одржување на вториот круг од Локалните избори 2017, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
Освен лично во канцелариите граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на следниве телефонски броеви:
Канцеларија во Битола: 047 242-310, Скопје: 02 3129-327 и 3129-367,Кичево: 045 228-586, Куманово: 031 431-488, Струмица: 034 329-996, Тетово: 044 344-082 и Штип: 032 389-701.
Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.