Екс секретарот на Општина Битола и раководител на Одделението за финансии, Слободан Бончановски е суспендиран од работа. Боначновски е суспендиран врз основа на членот 80 од Законот за административни службеници, според кој административен службеник може да биде суспендиран од институцијата кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или е во врска со работата.
Бончановски веќе не доаѓа на работа во општината и може да се види во својата приватна фирма Евиденција.
Бончановски е второобвинет во случајот Транспортер