Kандидатката за градоначалничка на Битола од СДСМ Наташа Петровска денеска оствари средба со Здружението „Еснаф” во кое членуваат угостителите од нашиот град.
-Она што можев да го забележам дека имаме низа на властени проблеми кои што најмногу се појавиле заради тоа што не постоела добра комуникација помеѓу нив и локалната самоуправа. Ги кажаа своите проблеми кои што се однесуваат од инфраструктура како прашање, од урбаната опрема, од се она што значи опсег и опфат на нивната работа. Се усогласивме дека се што треба да направиме мора да остане во законските регулативи, мора да биде стандардизирано онака како што и доликува на конзулска Битола, особено на Широк Сокак. Се усогласивме дека мора да биде во интерес на останатите граѓани кои што живеат во овој простор околу нивните објекти и дека дефинитивно општина Битола мора да направи подлабоки заложби за туризмот кој што на некој начин е поврзан и со нивното работење. Ценам дека е многу квалитетна оваа средба,за мене многу значеше и она што го ветив е дека мојата општина и мојот кабинет ќе остане отворен за нив, како членови од својот еснаф ќе бидат присутни во рамките на комисиските расправи, во рамките на формирање на комисија или совет на угостители со кој што навистина ќе ги решаваме заеднички проблемите и за градот, и за граѓаните, и за нивниот еснаф и за нивниот бизнис- изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.