ФК Црно Буки ЗЛ, новиот член на Третата фудбалска лига за нов тренер го ангажираше Наум Љамчевски, познато име на фудбалската јавност во Битола и Македонија.
Љамчевски во повеќе наврати го водел Пелистер, бил тренер и на нај трофејниот македонски фудбалски клуб Вардар,кумановски Милано, а со екипата на Напредок од Кичево стигнал во финалето на купот на Република Македонија. Едно време беше на чело на младинската селекција до 21 год.
Со ангажирањето на Љамчевски управата на ФК Црно Буки ЗЛ покажува дека е цврсто решен да направи респектабилен клуб во Третата лига, кој ќе атакува на пласман во Втората фудбалска лига, ни рече претседателот на ФК Црно Буки ЗЛ, Тодорче Кочишки.
Спортскиот директор Трајче Брдаровски ни кажа дека досега се ангажирани 4 нови играчи плод на фудбсколата школа на Пелистер, а во мегувреме се разговара со уште неколкумина нови засилувања.