Don't Miss
Home / Uncategorized / Недолични потсмевања на градоначалничката Петровска со битолчани

Недолични потсмевања на градоначалничката Петровска со битолчани

          

Во врска со изјавата на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за тоа дека за  отворањето на Офицерскиот дом ќе се служи специјалитет „Тикварница “ реагираше локалниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Иванчо Тошевски.

Во соопштението испратено до нашата редакција се вели:

“Никој не им се плаши на Вашите закани и не верува во тикварници и лицемерни бакнежи. Господине Зоран Заев имаш уште 16 работни дена, Наташа Петровска и ти во овој рок можеш да размислиш да им ја направиш единствената услуга на битолчани. Одете си и без илузии дека нема да платите за сите злодела!”

Заев со бакнеж на македонското знаме, знамето на државата што ја продаде и обезличи, а Наташа со стариот памет ќе им послужи тикварник на битолчани. Никако да куртулиме од циркузите на едниот и од параболите на неостварената мислителка (поетеса) чија збунетост се повеќе е очигледна и сите не остава неми и во неверување.

Ова се поентите од денешната трибина на СДСМ во Битола, ова е очајот, но и дрскоста на СДСМ, Зоран Заев и Наташа Петровска. Бесрамно, безидејно и голо паролашки пак им се нудат на битолчани.

Без око да им трепне ништо не зборуваат за тоа што Битола ја направија мала неразвиена касаба, без инвестиции и вработувања за младите, а се вработуваат само нивните роднини и по некој партиец сега пред избори.

Пет пати во три години ветуваат промена на филтрите во РЕК, ветуваат гасификација, а ете и признаа дека три години буквално го кочеа проектот топлификација, ветуваа чист воздух, достапна општина за сите.

Наместо тоа, Битола де факто нема градоначалник и се е оставено на стихијата и во Битола ја видовме нивната сплотеност во криминалот, нивниот најсилен инструмент орудието за неправда Катица Јанева е најголемиот и највалканиот криминалец и рекетар, ама Заев и денес со стариот речник на закани и безобразие за затвор и драконски казни, нормално преку судиите кои директно ги командува, а со останатите и од Битола најави, уште од денес почнува да се пресметува.

Почитувани граѓани, се согласуваме дека веќе никој и не им обрнува внимание на нивните ветувања, нивните празни зборови и циркуски настапи. Се поочигледна е само нивната дрскост да продолжат во својот паралелен универзум да се потпираат на сопствената ароганција која се граничи со неразумност дека тие се најдобри и избрани да владеат.

И во циркузот што веќе е само нивна приватна забава, ама да не заборавиме, на огромна штета на битолчани и сите граѓани на Македонија се “усовршуваат” во улогата на дворски шутови. Ете денес и Заев и Наташа беа одлични и еднакви во тоа.

Останува само, одовде уште еднаш да им кажеме дека нашата заедничка порака со граѓаните е Зоран Заев со заминувањето на 3 јануари да ја земе и Наташа Петровска со себе, тоа им го должи на битолчани.

И уште, никој не им се плаши на Вашите закани и не верува во тикварници и лицемерни бакнежи. Господине Зоран Заев имаш уште 16 работни дена, Наташа Петровска и ти во овој рок можеш да размислиш да им ја направиш единствената услуга на битолчани. Одете си и без илузии дека нема да платите за сите злодела што ги направивте!“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*