Home / Uncategorized / Нема итна седница на Совет за продажбата на ФК Пелистер

Нема итна седница на Совет за продажбата на ФК Пелистер

И покрај тоа што до порталот на Битолски весник стигнаа информации дека во вторник, на 2 септември, ќе се одржи итна седница на Советот на Општина Битола  за продажба на ФК Пелистер, на која советниците наводно требаше да расправаат за понудата на ЗК Пелагонија, сепак таква седница нема да се одржи. Претседателката на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска во изјава за порталот за Битолски весник, ја демантираше (дез)информацијата за одржување на таква седница и изјави дека седница ќе се одржи откако ќе добие матријал за оддржување на седницата, во кој би требало да биде содржана и понудата на ЗК Пелагонија.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*