Потпишан договор за доделување на неповратна финансиска помош од Р.Бугарија
Во генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола г-дин Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на општина Новаци на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.
Финансиската помош се доделува за реализација на проектот:
Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во с.Бач.
“Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во село Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата .Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефектвен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата”-истакнува градоначалникот Кузманоски.
Општина Новаци посветено работи на обезведување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината.