Традиционално во Битола по 17 пат на плоштадот “Магнолија“ се организира манифестацијата “Денови на македонското пчеларство Битола 2014“. Годинава учествуваат дваесеттина производители на мед.
-Тоа се должи на намалениот принос во пчеларството за оваа година и намаленото производство на мед. Најголемата причина е во временските услови, влагата во климата. За високи осумдесет проценти е намален приносот во медот во споредба со другите години. Цената е покачена и сега изнесува 300 денари тегла мед. Тоа се должи и на појавата на нелојална конкуренција, фалсификатори на мед. Факт е дека го има на пазарот- дециден е Пеце Чавдаровски, претседател на пчеларското здружение „Нектар“ од Битола.
Фалсификатот на медот тешко се препознава, посочува Чавдаровски, бидејќи луѓето кои го прават биле многу вешти, купувачите тешко можат да го препознаат.
-Секој мед има различна кристализација- додава Пеце Чавдаровски.
И годинава, за организирање на саемот на мед, производителите добија поддршка од Општината, во делот на презентација на нивните производи.
Медарите им порачуваат на граѓаните во голем број да го користат медот во нивната исхрана.
В.М.Мл