Don't Miss
Home / Uncategorized / “Незаборав“ по 9-ти пат

“Незаборав“ по 9-ти пат

Вечерва во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ која по деветти пат ја организира битолскиот продуцент Панде Димитровски.

Оваа година „Незаборав“ ќе биде посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година. На концертот ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска. Водител и годинава ќе биде Силвана Петрова Насух.   

и“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*