Don't Miss
Home / Uncategorized / Независните не се попишманија, Заев обезбеди двотретинско мнозинство

Независните не се попишманија, Заев обезбеди двотретинско мнозинство

Пратеничките групи се консултираа за предлог текстот на законот за амнестија, изјави денеска Нола Исмајловска, пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Таа кажа дека осумтемина пратеници од оваа параламентарна група ќе ги поддржат реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, а кои се на дневен ред на собраниската седница закажана за понеделник.

– Идеите што ги имаме веќе подолг период ги разменивме. Навистина е еден инклузивен процес, сега тоа што го правиме е консултација со правни експерти, секоја пратеничка група се консултира и кога ќе се закаже наредната средба на интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување ќе ги размениме и тие заклучоци за крајното решение да го извлечеме најдоброто од сите дискусии што ги имавме досега, изјави пратеничката Нола Исмајловска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Исмајловска засега нема информација кога ќе се состане интерпарламентарната група, и не знае дали законот би можел да биде ставен на седница во понеделник кога треба да се гласаат и реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство.

– За реформските закони, сакам во име на осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, да изразам подготвеност да бидеме дел од овие значајни процеси кои и претстојат на Македонија, заради тоа што е впрочем и она што не натера и првично да гласаме. За законите што следуваат – законот за судови, за судски совет, за прекршоци, ќе ги разгледаме, таму каде што сметаме и амандмански ќе реагираме и ќе ги поддржиме сите решенија кои ќе значат подобри решенија за граѓаните, рече пратеничката Исмајловска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*