Don't Miss
Home / Uncategorized / Ништо од големите трансфери во новата телевизија

Ништо од големите трансфери во новата телевизија

И покрај тоа, што се шпекулираше дека новата регионална телевизија “Мега“ ќе ги ангажира најдобрите новинарски пера и техничкиот кадар од битолските медиуми, како што стојат работите, нема ништо од големите трансфери.

Освен, два- тројца техничари коишто заминаа во “Мега“, засега ниту едно познато новинарско име од битолските медиуми и покрај понудите не прифати да биде ангажирано во новата телевизија, иако засега нема официјална потврда, сепак, според информации на “Битолски весник“, условите кои ги нудела оваа телевизија не се такви какви беа најавувани на почетокот од работата на оваа телевизиј.

Имено, според изјави на вработени во “Мега“, наводно сите договори на ново ангажираните лица им биле понудени на најдолг рок од три месеци, а притоа и платите кои им биле понудени се под просечните.

Со таква, екипираност се поставува прашањето, каква програма ќе зрачи оваа телевизија која што веќе е излезена на теренот и ги следи настаните во Битола, но, сеуште не се има промовирано во јавноста.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*