.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Нова Битола како Шутка

Нова Битола како Шутка

Веќе два дена, во близина на Новиот пазар и луксузниот трговски центар “Кеопс“, работи новиот импровизиран пазар на отворено што во многу нешта наликува на пазарот во Шутка.

Стотици трговци, во вој дел на Битола, отворија “трговски центар“ каде што може да се купи од игла до локомотива. Во новиот пазар денеска вриеше од купувачи. Иако, ова не е првпат во Битола, да се отвора ваков пазар, сепак, трговците со право реагираат.

Додека нас за секој продаен производ ни бараат фискални сметки, и уредно водење на книговодството, на тезгите во Новиот пазар се продава во готово без издавање на никаков документ. Да биде иронијата поголема, сето тоа се прави во присуство на полицијата, која што два дена води сметка за воспоставување на режим во сообраќајот на овој дел од Битола.
Во новиот пазар, не навраќаат ниту инспекциските служби, коишто на другите делови од Битола ревносно водат контрола за дневниот промет.

Тезгаџиите во Новиот пазар, велат дека за секога тезга, платиле по 100 евра, но притоа не кажуваа кој ги зема тие пари.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*