Don't Miss
Home / Спорт / Тешко во Радовиш

Тешко во Радовиш

Ракометарите на Пелистер во рамките на третото коло од машката супер лига утре гостуваат во Радовиш на истоимена екипа.

За оваа средба тренерот на Пелистер, Игор Николовски вели:

-Во Радовиш утре ќе патуваме со млада екипа во истиот состав како и на средбата против екипата на Зомимак во Битола. Тешко ќе биде во секој поглед да му се спротивставиме на домашната екипа која е со подобар квалитет од нас. Но, на оваа млада екипа му требаат натпревари и се надевам дека од коло во коло ќе бидеме подобри. Што се однесува пак до конкретната средба со екипата на Радовиш прво ќе мислиме на одбраната да се одбраниме квалитетно, а потоа на нападот.

Инаку,  во двете кола од оваа сезона екипата на Пелистер е поразена. Најпрво во првото коло е поразена од екипата на Преспа во Ресен, а во второто коло на домашен терен од екипата на Зомомак.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*