Home / Вести / Нова акција за чистење на дивите депонии

Нова акција за чистење на дивите депонии

       

Денеска во Битола  беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии.

 По детектираните депонии со габаритен смет, од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена “Кркардаш“.

Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња.

Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии, велат од локалната самоуправа на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*