Екипата на Новаци не успеа да се пласира во Првата фудбалска лига. И во вториот бараж натпревар кој се одржа во Штип, фудбалерите на Новаци доживеаја пораз од екипата на Шкупи од Чаир, овој пат со резултат од 3;1 и со вкупен резултат од 7: 2 се елиминирани од трката за враќање во Првата лига.
Во бараж натпреварот се покажа дека Шкупи, која има прволигашко искуство беше далеку подобра од Новаци и сосема заслужено се избори за опстанок во најелитното друштво.