Don't Miss
Home / Спорт / Новаци останува второлигаш

Новаци останува второлигаш

Екипата на Новаци не успеа да се пласира во Првата фудбалска лига. И во вториот бараж натпревар кој се одржа во Штип, фудбалерите на Новаци доживеаја пораз од екипата на Шкупи од Чаир, овој пат со резултат од 3;1 и со вкупен резултат  од 7: 2 се елиминирани од трката за враќање во Првата лига.

Во бараж натпреварот се покажа дека Шкупи, која има прволигашко искуство беше далеку подобра од Новаци и сосема заслужено се избори за опстанок во најелитното друштво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*