Македонската радио телевизија информира дека после големи подготовки и
преземени активности известува дека почнува со емитување на 4 нови
телевизиски канали и тоа:
МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и
забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна
програма и МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма.
Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани
во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку
платформите на сите оператори на програми.
Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија
преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да ги гледаат новите
канали откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс
уредите. Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе
ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5 и
Спортско-забавниот канал МРТ 3 во СД резолуција на каналите 6 и на 8, а
во ХД резолуција на каналите 711 и 712. За редоследот на останатите два
телевизиски канали дополнително ќе ја известиме јавноста.
Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да ги гледаат новите канали на МРТ, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или на Сет-топ бокс уредите.
Прв канал што ќе почне да емитува програма е МТВ 5 кој ќе започне на 8 април со почеток во 16 часот, а втор ќе биде МТВ 3 кој ќе започне да емитува програма на 10 април со почеток во 16 часот. Останатите два канала ќе започнат со работа на 16 април. Овој датум е земен заради јубилејот којшто го одбележува програмата на албански јазик.