Don't Miss
Home / Вести / Објавен јавниот повик за бескаматни кредити

Објавен јавниот повик за бескаматни кредити

Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ

Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени, а минималниот износ е 3.000 евра. Микро компаниите со максимум 10 вработени ќе може да аплциираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра.

Каматата за кредитите е нула проценти, отплатата 24 месеци а грејс периодот шест месеци.

Според Наумов, поддршката со бескаматните кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

-Почитувајќи ги пепораките за заштита на јавното здравје, аплицирањето за кредитите од јавниот повик ќе биде елеткронски, а потребната документација ќе се доставува на меил адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk, истакна Наумов.

Владата минатата седмица на прес-конференција соопшти дека ќе се обезбеди директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни, како дел од првиот сет мерки за справување со последиците од корона вирусот.

Како што рече тогаш вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од КОВИД-19. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од 3.000 до 30.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*