Home / Вести / Владата организира чартер летови

Владата организира чартер летови


Владатa на Република Северна Македонија објави Јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата (https://vlada.mk/node/20714).
Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите:

– Берлин – Скопје (377 патници)

– Бон – Скопје (355 патници)

– Минхен – Скопје (183 патници).

Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.

Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.

Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.

Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk

Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08:00 часот. 

Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:

Назив на примач: 

Буџет на Република Северна Македонија

Транс.сметка 100 000000063095

Сметка на корисник   630010001963019

Приходно конто   725939  00

Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.

Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна. 

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*