Home / Градска хроника / ОБЕЗБЕДЕН СИГУРЕН РАЗВОЈ

ОБЕЗБЕДЕН СИГУРЕН РАЗВОЈ

Фабриката за разладни уреди “Георги Наумов“, една од нашите најголеми и најзначајни стопански организации, на пат е да си обезбеди сигурен развој, да дочека поубави денови од досегфашните, кои беа често макотрпни, а понекогаш и безизлезни.
Таа сега ги прави последните нужни подготовки, за како што се предвидува, да стапи во текот на март годинава во интеграција со индустријата “Раде Кончар“ од Загреб, моќен и перспективен партнер, и да се вклучи во заедничката програма на “Раде Кончар“ и “Зануси“, италијанска фирма со светско реноме, по однос на производство на апарати за домашинство, како и за комерцијални разладни уреди.
Најважните работи за реализирањето на оваа надежна интеграција се совладани, расчистени.
Банките од кои се побараа потребните средства веќе донесоа начелни одлуки да го финансираат овој потфат, заедно со странскиот партнер врз основа на обострано вложување на капиталот 51:49 прценти.
Штом се изврши практичниот чин на интеграција уште веднаш ќе се почне со обемните коренити реконтрукции во нашата фабрика.
Според збровите на генералниот директор Гоце Мицковски, со кого разговарвме во врска со оваа интеграција, реконструкциите ќе бидат готови до крајот на годинава.
“Геоги Наумов“ на овој начин си обезбедува високосериско призводство, со водечката производствена технологија и се вклучува во светските цени.
Според досегашните реални согладувања, од секој тип на производите што влегуваат во групацијата на уреди за домаќинство во 1971 година ќе се произведуваат 500 илјади парчиња.
За поголем дел од нив околу 350 илјади обезбеден е пласман на надворшни пазари, а остатокот во земјата.

Текстот е објавен на 4 февруари 1969 година во Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*