Како што стојат работите заврши времето кога чанта фирми и приватници со рударска опрема правеа милиони евра во РЕК Битола.Генералниот директор на ЕЛЕМ Христијан Мицковски денеска најави објавување на јавни повици за набавка на рударска опрема за РЕК „Битола и за изградба на систем за топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра.
Дел од повиците ќе бидат објавени денеска, дел утре и ќе бидат објевени во македонските и меѓународните гласила. Мицковски очекува набавката на новата рударска опрема за РЕК Битола да придонесе за намалување на производната цена на електричната енергија.