Don't Miss
Home / Uncategorized / Обновен возниот парк на “Стрежево” со теренски возила

Обновен возниот парк на “Стрежево” со теренски возила

                

          Благодарение на доброто и економично работење,ЈП “ Стрежево “ Битола во првото тромесечие од годината оствари добивка од 10.086.059 денари.

          Средствата од остварената добивка, со одлука на менаџерскиот тим се искористени за  обнова на возниот парк и набавка на десетина нови теренски возола, еден трактор,  како и 10 мопеди.

          Со новиот возен парк ќе се овозможи  поекономично , побрзо и понавремено извршување на теренските работи,  истакна на денешната прес конференција првиот човек на ЈП “Стрежево”, директорот Методија Граматковски, кој најави дека годинава ова јавно претпријатие ќе почне со изградба на нова  фотоволтаична централа од 500 киловати.

-Тоа ќе биде најголема наша инвестиција. Владата на една од своите седници ни даде виза да градиме фотоволтаична централа со сопствени средства, Останува сега Владата да ни ја одреди премиум тарифата, нагласи Граматковски.

Инаку директорот Методија Граматковски на прес конференцијата истакна дека моментно во акумулацијата “ Стрежво” има над 95 милиони кубни метри вода, што е гаранција дека земјоделците не треба да се гржат за наводнување на своите земјоделски површини, а обезбедени се доволни количини вода и за редовно снабдување на индустријата и  градот  со вода за пиење.

М.М.

Фото В.М.Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*