Бензините од полноќ поскапуваат за 2, а дизелот за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“, изнесува 62 денари за литар, „еуросупер БС-98“ од полноќ ќе се продава по цена од 64 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 37,50 денари за литар.
Новата цена на „евродизел (Д-Е V)“ е 48,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС од полноќ ќе изнесува 23,861денари за килограм.