Don't Miss
Home / Култура / Млади виолинисти од Битола освоија прва награда на Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

Млади виолинисти од Битола освоија прва награда на Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

Тројца млади виолинисти од Битола, од класата на професорот Зоран Маневски ја добија првата награда во својата категорија на седмиот Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци, што се одржа на 23-24 овој месец.

Санела Шукриевска, Марко Крстевски и Теодора Блажевска на натпреварот се претставија со две композиции , „Гавот” од К. В.  Глук и „Менует” од Ж. Ф. Рамо.

Младите виолинисти  од нижото музичко училиште во Битола ја воодушевија публиката во  Домот на културата во Кавадарци и оставија силен впечаток кај стручното жири, по што беа наградени со силен аплауз.

– Младите уметници воодушевија со заедничкото музицирање  и посветоноста кон композициите, кои ги изведоа. Многу е ретко на нивна возраст  да свират во камерен состав, бидејќи се работи за тимска работа каде се бара прилагодување еден на друг-рече професорот Маневски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*