Don't Miss
Home / Uncategorized / Одбележан денот на битолската адвокатура

Одбележан денот на битолската адвокатура

Адвокатската заедница на  Битола деновиве го одбележа 16 декември денот на Битолската адвокатура.  Оваа година одбележувањето беше јубилејно, бидејќи пред 40 години за прв пат адвокатите од Битола формално правно се организирале во Општинската адвокатска организација.

Одлуката за регистрација е донесена од сите 18 адвокати, кои во тој период имале своја адвокатска канцеларија од Битола, а основачи и потписници на Статутот се членовите на Иницијативниот одбор, односно адвокатите Сотир Главинче (претседател), Илија Кочовски (секретар), Гоце Милошевски (благајник), Александар Ѓузелковски, Петар Ефтимски, Петро Чаламани, Михаил Георгиев, Целе Ангеловски, Наум Чомовски и Радојица Неќак.

Како основни цели на организацијата биле запишани зачувување и промоција на угледот и достоинството на адвокатската професија во Битола, организирано делување на адвокатите и поголема интеграција во јавниот живот.

На собирот на адвокатите  присуствуваше и делегација од збратимена адвокатска комора од Крагуевац Србија и тоа: Звонко Марковиќ, адвокат од Крагуевац и претседател на АК Крагуевац, Борис Рибаровски, адвокат од Парачин и заменик претседател, Милован Стојановик адвокат од Јагодина и Милица Симиок адвокат од Чуприја.

На собирот, кој се одржа во ресторанот “Белведере“, посебно беа поздравени адвокатите кои одбележуваат јубилеи во вршењето на адвокатската работа и тоа: 15 години континуирана работа: адвокат Дарко Стефановски (15 години), адвокат Даница Анѓелевска (20), адвокат Корнелија Димитровска (20), адвокат Милка Димовска( 20) и адвокат Никола Средовски  (20).

Сребрен јубилеј, односно 25 години работа како адвокат одбележаа: адвокат Татјана Аговска, Петраки Пинза, Благој Цицоновски, а редок јубилеј, односно  30 години континуирана работа како адвокат  прославија адвокатите  Ѓорѓи Пили и  Никола Стојков.

Оваа година во Битола со адвокатурата како професија ја одбраа и неколкумина колеги кои во сесиите на Адвокатската комора на РМ, се запишаа во именикот на адвокати со седиште на канцеларијата во Битола:  Тоа се адвокатите Коста Додовски, Марија Петровска, Симона Пажиќ, Александар Наумовски,  Кире Давков,  Здравко Камбовски, Радица Ѓоршевска Кајчевска.

Исто така, оваа година 6 адвокати ја завршуваат својата адвокатска кариера.

-Иако тие заминуваат во пензија, и натаму остануваат нераскинлив дел од нашата фела и средина. Тоа се Адвокат Светозар Атанасовски, Олга Темелковска, м-р Васко Михајлов, Петар Георгиев- Калица,  Видан Анѓелковски и адвокат Елизабета Јоцевска, изјави Никола Главинче.

Присутните, меѓу кои и претседателот на Основниот суд Битола и неколкумина судии на судот, ги поздрави Никола Главинче, кој укажа на неопходноста наследената проефесионална традиција на адвокатурата во Битола да се продолжи и збогати со континуирано совесно, професионално постапување од адвокатите како фактор кој се бори за промоција и заштита на човековите слободи и права.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*