Don't Miss
Home / Uncategorized / Одблокирани битолските училишта

Одблокирани битолските училишта

Во Битола конечно училиштата во основното и средното образование можат да здивнат. По подолго време од вкупно 14 основни и средни училишта одблокирани се сметките на вкупно 13 училишта.

ОУ „Крсте Петков-Мисирков“ од село Бистрица е единственото училиште на кое сметката моментно е блокирана.

Сметките на 13 основни и средни училишта во Битола се одблокрани благодарение на помошта што ја доби општината Битола од Владата, која неодамна донесе закон за помош на општините во износ од 50 милиони евра, за исплата на старите неплатени обврски.

Ова го изјави претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски.

– Она што беше рак рана на Битола, беа блокираните сметки на училиштата. Од 14 блокирани училишта уште само едно е блокирано. Тоа е ОУ „Крсте Петков Мисирков” во Бистрица. Неговото одблокирање е во тек носиме неколку одлуки за тоа да ги зголемуваме средствата и веројатно и тоа наскоро ќе се одблокира – тврди, Валентин Груевски претседател на Советот.

Одблокирањето на сметките на училиштата во голема мера ќе го олесни работењето на училиштата, кои неколку години работеа со блокирани жиро сметки и долгови, од кои најголемите износи беа за неплатена струја, автобуски превоз, гориво за греење и кон јавните комунални претпријатија.

Со средствата од Владата на Битола и беа одборени вкупно 2,5 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*