Со преземањето на најновите мерки за движење и воведувањето на полицискиот час за време на викендите дојде до смена на работното време во битолските пазари.
Општинскиот кризен штаб во Битола одлучи да го ограничи работното време на двата градски пазари со кои стопанисува ЈП „Пазари“.
Според донесената одлука градскиот пазарен простор ќе биде отворен од понеделник до петок во терминот од 6 до 14:30 часот.
Воедно Општинскиот кризен штаб (ОКШ) ги повика сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Битола кои се регистрирани за онлајн продажба да се пријават во кризниот штаб за да добијат дозвола за достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полициски час односно во деновите сабота и недела.
Инаку в сабота јавните претпријатија ќе вршат дезинфекција на јавните површини во градот.
Во оваа акција ќе се вклучат и екипи на РЕК “ Битола “