Home / Вести / Општина Битола во соработка со јавните претпријатија од утре стартува со акцијата Недела на пролетта

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија од утре стартува со акцијата Недела на пролетта

Општина Битола, ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈКП Водовод, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта“. Активностите, во вторник започнуваат со чистење на дивите депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак.

 Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски“.

„Неделата на пролетта“, го најавува почетокот на неколку проекти, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*