Don't Miss
Home / Uncategorized / Општина Битола донираше еден милион денари за настраданите од поплавите

Општина Битола донираше еден милион денари за настраданите од поплавите

Денеска, на вонредна седница,  Советот на општина Битола донесе одлука со еден милион денари  од општинскиот буџет  да им помогнат на настраданите од катастрофалните поплави што во саботата се случија во Скопско.

-Општина Битола со еден милион денари финансиска помош ќе им помогне на настраданите од поплавите што викендов го погодија Скопје и околината . Одлуката ја донесовме едногласно сите советници од власта и опозицијата.  Се разбира во вакви ситуаци нема место за политика кога станува збор за вакви природни катастрофи. Средствата директно ќе се префрлат на донаторската сметка- изјави претседателката на Советот на општина Битола, Силвана  Ангелевска која изрази надеж дека бројот на жртви нема да расте, дека вакви природни катастрофи  нема да ни се случуваат повеќе и дека во иднина нема да има потреба за одржување на слични вонредни седници на Советот на Општина Битола  за вакви природни непогоди кои се со ненадоместливи  последици.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*