Don't Miss
Home / Uncategorized / Општина Битола и локалниот Кризен штаб активно помагаат во поплавените подрачја

Општина Битола и локалниот Кризен штаб активно помагаат во поплавените подрачја

Општина Битола и локалниот Кризен штаб со повеќе активности, опрема и човечки ресурси во изминатите денови континуирано дејствуваат на терен во поплавените подрачја во Скопско.

Над сто луѓе, волонтери, вработени во општинската администрација, јавните претпријатија и други институции, се  во местата кои беа зафатени од силното невреме, сакајќи да дадат помош и поддршка на жителите од поплавените подрачја, токму сега кога  поддршката  им е најпотребна.

-Јавното претпријатие “Комуналец” од Битола, покрај дел од вработените, на терен испрати и осум  тонска цистерна со висок напон, а територијалната противпожарна единица континуирано е вклучена во акцијата со свои професионални екипи, противпожарни возила и друга опрема- информираат од битолската локална самоуправа.

Со механизација и други технички средства, активно се вклучени и комуналните јавни претпријатија  “Нискоградба”, “Водовод”, Јавното претпријатие  “Стрежево”, РЕК “Битола” и Фабриката за опрема и делови  “ФОД Дооел Новаци“.

Битолската локална самоуправа на терен во поплавените подрачја во Скопје и околината  ги испрати проценителите со кои располага општинската администрација, кои треба да помогнат во проценката на направените штети од катастрофалните поплави што вечерта,  на шести август,  го зафатија Скопје и околината и во кои повеќе од дваесет  луѓе ги загубија животите.

Од Општина Битола, уште и потсетуваат на одлуката на  Советот на Општина Битола  за помош од еден милион денари за настраданите граѓани од поплавите во Скопско.

Оттаму информираат дека Општината Битола останува во координација со другите институции и Центарот за кризи од Скопје, со цел обезбедување на потребната помош од човечки ресурси и механизација онолку дена колку што е потребно.

 

 

Б.В.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*