Во многубројните награди кои Општина Битола ги има добиено се вброи и уште една награда која е добиена во Лас Вегас во највисоката категорија – златната категорија ,, Лидерство со најдобар калитет’’.
Наградата ја додели Европското здружение за истражување и квалитет ( ESQR ), организација од Лозана – Швајцарија, која е посветена на признанија и истражување на техники за подобрување на квалитетот.
На првиот човек на Општина Битола, градоначалникот Талески му претставува огромна чест што општина Битола е избрана за општина лидер со најдобар квалитет.
-Општините кои на некои од меѓународни институции , асоцијации се наградувани влегуваат на списокот на потенцијални општини за следни награди. Сигурен сум дека сето она што се случуваше минатите години, нашето големо признание од Верона, тоа од Баха како најатрактивна општина во регионот и сите други признанија придонесуваат Битола да се вброи во една од најнаградуваните општини. Овој пат добивме можност да предложиме општини кои ќе бидат наградени следната година. Чест ми е што ја добивме наградата, за жал во тој период не можев да отпатувам во Лас Вегас . Ние не знаевме дека сме конкуренти за наградата, истражуњето го направиле екипите на оваа институција и еве наградата е тука – изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.
Европското здружение за истражување на квалитет, е организација со седиште во Лозана, Швајцарија кое е посветено на истражување на техники за подобрување на квалитетот.
ESQR има и позитивен придонес на културата за квалитет преку своите годишни конвенции и награди организирајќи свечености во големите градови.
Б.В.