Советот на општина Новаци ја одржа 23-тата седница на која се најдоа околу 20 тина точки на дневен ред. По усвојувањето на записникот од претходната седница советниците го изгласаа предлог буџетот на општина Новаци за 2019 година. Исто така беше усвоена и предлог програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2019 година, предлог одлука за спроведување на мерки на превентивна дезинсекција и систематска дератизација за 2019 година, предло одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година, предлог програма за локален економски развој на општина Новаци за 2019 година.
Советниците ги разледаа и донесоа одлука за започнување на постапка за продажба на подвижни ствари во сопственост на општина Новаци, одлука за трајно отстапување на патнички возила на ЈКП ,,Комунална Хигиена,, с.Новаци, донесен беше и Анекс бр1.кон Годишната програма на училиштето ООУ,,Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2018/2019 год(Програма за работа на помошникот на директорот за педагошки и раководни работи 2018/2019 год).
Исто така беа разгледани и неколку барања и тоа:
-за одигрување на новогодишна детска престава од Фото Студио ПИНК Битола(23.000,00) ден.
– за одобрување набавка на градежни матерјали од месна заедница с.Градешница за манастирчето Св Спас.
– за откуп на научна книга од авторот професор д-р Јове Кекеновски
– барање од Здружение на слепи лица-Битола за одобрување на финансиски средства
-барање од Здружение АРТ ИН ОРГ Кавадарци за одобрување на финансиски средства за реализација на Предновогодишен концерт.
– барање од група жители од с.Новаци одобрување набавка на градежни матерјали.
– барање од Месна Заедница с.Брод одобрување набавка на градежни матерјали(60.000,00 денари).
Советот на општина Новаци на седницата донесе одлука за времено отстапување на објект во с.Маково- во сопственост на општина Новаци на ПЗУ ДР ДАСКАЛ(само за здраствена амбуланта, како и предлог одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Ѓорѓиовски Владимир од Битола.