Иако за време на отчетот се фалеше дека Општината Ресен, откако тој ја презел градоначалничката функција е една од најуспешните општини во која биле реалзирани инвестицци од над 9 милини евра, сепак состојбата во ова аопштина е сосема поинаква.
Имено според добро информирани извори кои денеска во Ресен зборуваа за порталот на Битолски весник за време на мандатот на Ѓоко Стрезовски тој ја заглавил општината до гуша.
Имено, тој долгот кога ја презел градоначалничката функција го зголемил за над 3 пати, па сега општината должи неколку милиони евра.
Колку точно должи општината Ресен наскоро ќе покаже ревизијата која е во тек, но повеке од јасно е дека Ресен во овој момент е блокирана за неколку милиони евра.
Во Ресен покрај финансиското работење се испитува и како биле реализирани инвестиции за Конект Бич во Сливница и Стење, каде има индиции за незаконитости, па постојат размислување за прекинување на договорот за концесија.
Ѓоко Стрезовски додека бил градоначалник се обидувал со платени текстови и новинари да ја престави неговата слика за успешно работење.