Don't Miss
Home / Uncategorized / Општината го крие договорот за продажбата на Пелистер на Цермат

Општината го крие договорот за продажбата на Пелистер на Цермат

-Договорот за продажба на мнозинскиот пакет акции на фирмата Цермат, ние иако постојано го баравме никогаш не го видовме. Затоа не знаеме ни под кои услови Цермат го купи Пелистер  ни под кои го врати клубот на општината.Тоа го знаат само градочначлникот Владимир Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски.

Ние не сме информирани ни за тоа која е таа три партитна спогодба на Општината со Цермат и Пелистер за регулирање на побарувањата. Слушавме дека  Цермат додека беше сопственик на Пелистер, клубот го финансирал  со позајмици, кои во секој момент од новиот сопственик може да си ги (по)бара парите назад. Затоа бараме еднаш да се стави крај на сите игри околу купопроджните договори  на општината за Пелистер, истакна на брифингот со новинарите, советникот на СДСМ, Методија Илиевски.

Инеку деновиве по освојувањето на купот новиот сопственик на Пелистер, Орце Камчев излезе во јавноста со барање  претходниот сопственик на пакетот акции на Пелистер,  фирмата “Цермат” да  си ги исполни обврските  кон Пелистер. Во спротивно  тој рече дека  ќе се повлече од натамошно финансирање на клубот.

-„Ние за неполна сезона вложивме 750.000 евра, наспроти нашите претходници кои за две сезони позајмиле на клубот 14 милиони денари преку две нивни фирми. Тие според договорот требаше да вложат 390.000 евра по сезона. Го повикувам градоначалникот, советниците и навивачите да направат максимум да го решат овој голем проблем, бидејки во спротивно ние ке се повлечеме од клубот, истакна  Орце Камчев.

На ваквото барање на Орце Камчев, од фирмата “Цермат “ излегоа со штуро соопштение во кое се вели:

-Фирмата Цермат нема никакви обврски спрема Пелистер и сегашниот главен акционер Орце Камчев може слободно да ги инвестира своите 1 милион евра во работењето на клубот за наредната сезона.

Инаку советничката на ВМРО Народна на последната седница на Советот најави дека за злоупотребите во финансирањето на Пелистер води истрага и дека  веќе има нова кривична пријава за градоначалникот Владимир Талески.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*