Нови сопственици на ракометниот клуб Пелистер ќе бидат Општината Битола, фирмата “ Цермат “ и ГП “ Пелистер”. Вака стои во предлог- одлуката на Советот на Општината Битола, која ќе се најде на дневен ред пред советниците на Советот на седницата, в понеделник, на 22 септември.
Според оваа предлог- одлука, Општината Битола, која се јавува како основач на РК Пелистер ќе поседува 30 отсто од акциите, а ГП “Пелистер” и “ Цермат “ ќе имаат по 35 отсто од вкупните акции. Доколку се усвои ваквата одлука во иднина, ракометниот клуб Пелистер ќе се вика Друштво за спортски дејности, ракометен клуб Пелистер АД Битола. Седиштето на клубот ќе биде во просториите на Општината Битола. Инаку, основачкиот влог на ракометниот клуб Пелистер ќе биде 25 илјади евра во денарска противредност, која ќе ја обезбедат трите оновачи, општината Битола, ГП “Пелистер“, “Цермат“. Во основачкиот влог општината Битола ќе учествува со 7.500.00 евра. Инаку, општината Битола во новата управа на РК “Пелистер“ ќе ја претставува советникот Леонида Чолаковски.
Б.В.