Денес во општината Битола локалните власти ќе имаат напорен ден.
Имено денеска почнува раскусурувањето со долговите на доверителите, кои според новиот Закон за плаќање на старите долгови ги пријавија своите побарувања.
Денеска општната Битола ќе води преговори со тие доверители кои се откажаа од своите побарувања и дел од каматите.
Инаку според информации на Битолски весник автопревозните претпријатија кои имаат најмногу побарувања не се откажаа од своите побарувања и настојуваат да ги наплатат истите во целост.
Инаку со новиот закон за исплата на долговите Владата извдои 50 милиони евра од буџетот.